Уредбата за враќање во школо на 18 мај е лажна вест!

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерот за образование и наука Арбер Адеми објави дека информацијата што се ширеше за уредба со која учебната година ќе продолжи на 18 мај е лажна вест.

 

Според уредбата која се ширеше на социјалните мрежи, а која претставува лажна вест, треба да се обезбедат услови за учениците да се вратат на училиште на настава во три смени, а часовите би се скратиле од 45 на 30 минути.

 

И од министерството за образование и наука ја демантираа веста.

 

„Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година“, реагира МОН.

 

Како мерка во борбата против коронавирусот сите воспитно образовни институции се затворени од 10 март оваа година. Датумот за повторно отворање на истите ќе биде разгледан на владина седница после првомајските празници.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи