Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да бидат на минималец, односно и понатаму ќе продолжат да земаат целосна плата, бидејќи Уставниот суд ги поништи Уредбите на Владата.
Се разгледуваа повеќе владини уредби кои беа донесени за време на вонредната состојба, меѓу кои и уредбата за платите за функционерите, судиите и обвинителите. Една од иницијативите против оваа уредба беше поднесена од страна на судиите и со неа ја спореа како неуставна одлуката на владата, за месеците април и мај да земаат плата од 14.500 денари.
Од Уставниот суд велат дека за прв пат во историјата тој одлучува за вакви акти во момент кога работи со ограничени ресурси.