Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 8 пациенти се излекувани од оваа заразна болест.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајцата се негативни на КОВИД-19, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица. Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.