Во изминативе неколку недели во време на корона вирусот ЦК за култура „Марко Цепенков“се грижи за граѓаните да го поминат полицискиот час во поведро расположение презентирајќи им он лајн теартски претстави , концерти, исечоци од концерти, уметнички лирски интермеца и друго. Посетителите на ФБ и веб страната на Центарот досега он јал можеа да ги видат претставите „Тапани во ноќта“, „Швејк во втората светска војна“ и двете во режија на Мартин Кочоски, потоа претставите за деца „Јунаците од бајките“ и „Мачорот во чизми“.
Исто така беа прикажани целовечерните концерти на хорот на Валамскиот манастир од Русија, на „Октетот Прилеп“ како и други исечоци од настапи на уметници од градов и лирски интермеца од излоби.
Се овозможи и електронскио читање на списанието „Стремеж“.
Вечерва ќе биде поставена претставата „Кавкаски круг со креда“ од 19.30 часот а утре напладне е претставата за деца „Калифот штрк“.
Како мало потсетување денеска на своите деца пуштете им ја претставата „Мачорот во чизми“.