Познатата фризерка од Општина Кривогаштани, Светлана Зуламоска Гроздановска, која стана позната во целата наша држава со изработката на портрети на познати ликови, направени од остатоците на косата од своите клиенти, денес по повод утрешниот роденден, 3 мај, на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, го изработи неговиот лик.
„Во спомен на нашиот прв претседател на самостојна Македонија, со сета почит му направив портрет од коса. Утре 3 мај е неговиот роденден“, напиша на својот ФБ профил Светлана Зуламоска Гроздановска.