Петкоски : СДСМ 3 години си поигрува со вработените во Еурокомпозит, оставени се без никакви примања и без без здравствено осигурување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Криминалната власт и кадри на СДСМ цели три години си поигруваат со судбината на вработените во Еурокомпозит. Истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во три години додека се на власт, Заев и Анѓушев именуваа цела низа неспособни директори, а сето тоа немо го следеа Сугарески, Талески и градоначалникот Јованоски, додека нивните сограѓани едвај врзуваа крај со крај и едвај успеваа да обезбедат леб за себе и своите семејства.

 

Денеска прашуваме до каде е кривичната постапка во Основното Јавно обвинителство за поранешниот директор на Еуркомпозит, Граороски и неговиот советник од Струмица, кои се осомничени за злоупотреба на 80.000 евра, за испорака на производи за фирма во Република Гана?

 

Ќе има ли правна завршница за овој случај кој одекна во јавноста и ги згрози вработените во компанијата?

 

Дали Талески, Јованоски и Сугарески конечно ќе соберат храброст и ќе кажат нешто за криминалците во своите редови кои ја бетонираат судбината на нивните сограѓани, или можеби и тие се дел од тоа?

 

Наместо да глумат хуманитарци и да купуваат гласови со сомнителни пакети во време на пандемија, да излезат со трајни решенија и конкретна помош за граѓаните погодени од кризната состојба!

 

Цели 5 месеци вработените во Еуркомпозит се оставени без ниту денар примања, без здравствено осигурување и без никаква надеж дека нешто би можело да се промени.

 

Фабриката е без струја, без чуварска служба, а во последно време зачестија и кражбите на делови од машини.

 

Власта им вели да седат дома, а не знаат од што да живеат. Се водат како вработени, а не земаат плата. Ова е жалната вистина за Прилеп, што СДСМ пробува да ја прикрие со пакети чие потекло на производите останува непознато.

 

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да ги обелоденува лагите и криминалот на СДСМ, Зоран Заев и неговите извршители. Ова е нивното лице и ова е нивното лажно блескање и чекорење по прав пат!“, истакна Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи