Во Прилеп досега извршени 642 тестирања, од кои 159 позитивни на Ковид 19 – вкупно излекувани 68 пациенти

 

Според информациите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, досега се извршени 642 тестирања, од кои 159 биле позитивни на коронавирус. Вкупниот број на излекувани лица изнесува 68.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 13 лица позитивни на коронавирус. Еден од нив е на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 236 граѓани.

 

Во текот на продолжениот првомајски викенд, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час.

 

Во насока на заштита на здравјето на граѓаните од целата територија на општината, во саботата и неделата Општина Прилеп спроведе акција за дезинфекција на населените места. Со земјоделска механизација на месното население, дезинфицирани беа улиците во петнаесетина населени места, меѓу кои и Мажучиште, Галичани, Кадино село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Алинци и други.

 

И покрај трендот на намалување на пандемијата, Општина Прилеп и понатаму ги презема сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на нашите сограѓани. Истовремено се упатува уште еден апел до граѓаните, целосно да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за справување со КОВИД-19.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи