Денеска се навршуваат 117 години од загинувањето на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 117 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски, денеска во црквата „Свети Спас“ ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

 

По повод 4 мај, денот на погибието на народниот херој Гоце Делчев, повеќе делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат свежо цвеќе на локации кои се поврзуваат на неговото дело, активност што се одвива под слоганот „Гоце Делчев е Македонија“. Во Скопје во 11:30 часот на централната манифестација во дворот на црквата Свети Спас пред гробот на Гоце Делчев ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско, каде бил предаден.

 

Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи