Ковид 19 пандемијата како повод за крводарителска акција во просториите на Општина Прилеп

 

 

Во просториите на Општина Прилеп, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, се одржа крводарителска акција. За време на акцијата, според протоколите за заштита од коронавирусот, беа преземени сите безбедносни мерки за граѓаните кои даруваа крв.

 

„Она што сакам да го истакнам, е дека одзивот на граѓаните за акцијата е голем, заради што ја искажувам мојата благодарност за високиот степен на покажана свест, солидарност и хуманост.

 

Дарувањето крв е секогаш добра идеја, дури и во актуелни услови на пандемија на КОВИД-19, од причина што има болни на кои нашата крв им е неопходна и кои не можат и не смеат да го чекаат крајот на пандемијата.

 

Притоа, во насока на заштита на здравјето на граѓаните кои денеска даруваа од скапоцената течност, како и заштита на здравјето на медицинските лица, во текот на реализацијата на крводарителската акција беа преземени сите безбедносни мерки, според протоколите за заштита од коронавирусот“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи