Почина Драган Вучиќ од компликации од коронавирус

Познатиот македонски пејач, водител и шоумен Драган Вучиќ (65) почина ноќеска на Клиниката за Инфективни болести во Скопје каде бил хоспитализиран пред извесно време. Смртта, како што истакнуваат извори од болницата, настапила поради компликации од коронавирусот, а подолго време бил и со дијагностициран дијабет. Жалната вест ја соопштил неговиот син Мартин.

 

Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на  популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“,  а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

 

Изминативе години, Вучиќ беше популарен како водител на квизовите „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Среќни луѓе“, a последна емисија му беше „Гурмански приказни“ што се снимаше со пејачи, актери и уметници низ балканските земји.

 

Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, а син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи