Субвенции за 454 домаќинства за печки на пелети

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Од програмата за енергетска ефикасност е спроведен јавниот повик за сувенции на печки на пелети. Од оваа мерка субенционирани ќе бидат 454 домаќинства кои аплицирале до 6 март, изјави на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

 

„Вкупната вредност на субвенцијата е во висина од 10,7 милиони денари. Вкупно 20 од нив се домаќинства со ниски примања кои ќе добијат субвенција од 75 отсто од средствата, но не повеќе од 25.000 денари. Другите апликанти добиваат поддршка во износ од 50% од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 20.000 денари“, рече Бектеши.

 

Целта на мерката, како што кажа министерот, е стимулација за употреба на поеколошки енергенси  за загревање на домовите.

 

Имињата на добитниците на субвенциите од оваа мерка ќе бидат објавени на веб страната на министерството најдоцна до 8 мај.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи