ВИДЕО – Чулев го објави видеото по повод Денот на македонската полицијa

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција со објава на социјалните медиуми, изразувајќи благодарност до сите оние кои во првите редови се справуваат со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

 

„Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот.Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa“, напиша Чулев на официјалниот фејсбук профил.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи