илипче: Имаме скок на новодијагностицирани, следните денови ќе се утврдува на што се должи

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Со 33-те нови случаи (Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1) со Ковид-19 во земјава, денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме наредните денови, за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд.

 

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа се резултати од само еден ден и не можат ништо да заклучат само од овие резултати од денеска, односно од изминатите 24 часа.

 

„Ако се сеќавате, во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани. Во таа смисла во текот на утрешниот ден, во сабота, ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие. Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат“, потенцира Филипче.

 

Посочи дека со 33 нови случаи, вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

 

„На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2. Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања“, потенцира Филипче.

 

Во изминатото деноноќие, нагласи, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44 од кои на кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

 

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19“, додаде Филипче.

 

Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна Филипче.

 

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

 

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи