Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до прилепскиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.