ВИДЕО – Бумбароски: Новото училиште во Сточен Пазар е комплетно руинирано, неспособната локална власт дозволи уништување на државен имот вреден 10 мил. денари

Вчера информиравме како еден од нововработените кадри на СДСМ го уништил службеното возило на Центарот за социјална работа, притоа управувајќи без возачка дозвола, а денеска презентираме уште еден случај на негрижа кон општествениот имот. Истакна Гоце Бумбароски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја објавуваме во целост.

 

„Oва позади мене е подрачното училиште кое требаше да го олесни секојдневието на родителите и децата од населбите Сточен пазар и Жабино маало.

 

Училиштето кое требаше да го носи името на заштитникот на градот Св. Никола, поради неспособноста на локалната власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, не го дочека своето отварање, па денеска истото се уништува и е предмет на кражби.

 

Се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони денари на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тука требаше да учат околу 170 деца до петто одделение.

 

Градоначалникот Јованоски веќе трета година ја предводи општина Прилеп, но заборави дека и во својата предизборна програма вети ново училиште во оваа населба.

 

Денеска одново го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда позади мене ќе останат само ѕидови.

 

Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби само поради Илија Јованоски и понатаму настава ќе посетуваат далеку од своите домови.

 

Жално за сите е кога ќе се види една ваква слика. Наместо тука во изминатите 3 години да се слушаше детскиот џагор, да се отвореа нови работни места за наставници, тврдоглавоста и суетноста на Јованоски и СДСМ беа пресудни, па овој вмровски во наводници проект е оставен секојдневно да се уништува.

 

Почитувани вообразени од власта! Заборавете на политиканството и изговорите, фатете се за работа и спасете го ова училиште додека сеуште има време! Во спротивно за ова уништување на општествениот имот ќе бараме одговорност. Ви останува уште кратко време од соочувањето со народнот, а тогаш ќе го видите одговорот за вашето неработење и пустошење на градот“, истакна Бумбароски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи