Во општина Прилеп денеска се евидентирани 5 нови случаи на КОВИД-19, а од заразната болест излекувани се 7 пациенти.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники. Во делот за изолација се наоѓаат петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 182 лица.
Во изминатото деноноќие забележани се 5 нарушувања на полицискиот час.