Почина 59 годишна прилепчанка од корона вирус

Денеска од корона вирус починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.

 

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:

 

  •      Скопје – 579, активни 129
    •       Куманово – 410, активни 46
    •       Дебар – 51, активни 0
    •       Штип-35, активни 2
    •       Прилеп –184, активни 56
    •       Тетово – 121, активни 58
    •       Струга – 67, активни 4
    •       Велес – 109, активни 50
    •       Битола –23, активни 4
    •       Охрид –15, активни 0
    •       Кавадарци – 5, активни 0
    •       Гостивар –19, активни 4
    •       Гевгелија – 4, активни 0
    •       Струмица – 2, активни 0
    •       Крива Паланка- 6, активни 2
    •       Радовиш – 4, активни 0
    •       Крушево – 3, активни 0
    •       Кочани – 31, активни 5
    •       Пробиштип – 2, активни 0
    •       Кичево – 2, активни 0
    •       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    •       Демир Хисар – 1, активни 0
    •       Македонски Брод – 2, активни 0
    •       Пехчево- 3, активни 1
    •       Делчево-1, активни 0
    •       Валандово -1, активни 1
    •       Виница – 2, активни 0
    •       Кратово-2, активни 2
    •       Берово-1, активни 1

 

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.

 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

 

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи