Во текот на вчерашниот ден со Прилеп се судриле мотоцикл и автомобил при што бил повреден маж и пренесен во болница со теши повреди.
На 11.05.2020 во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Битолска“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(46) од Прилеп и мопед „томос“, без регистарски ознаки, управуван од М.П.(56) од Прилеп. По незгодата М.П. бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.