ВЕТИНФО – Ветеринарите во служба на здравјето на животните и луѓето!

Во ситуација на појава на COVID 19 кога реално постои ограничување на движењето на граѓаните  со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот, неопходна е потребата од воведување на нови алатки за комуникација и поддршка на сопствениците на животни од страна на докторите по ветеринарна медицина.

 

 

Со цел да даде свој допринос во оваа непредвидлива околност со корона вирусот, а и да ги промовира заложбите на докторите по ветеринарна медицина за поддршка на своите клиенти, Ветеринарната комора на Република Северна Македонија со поддршка на  Фондот за иновации и технолошки развој, ја разви Ветеринарната платформа ВЕТИНФО како една од најголемите можности за предизвиците со кои се соочува ветеринарната медицина во оваа дигитална ера и која има за цел да се вклопи во тековните потреби на сопствениците на животни  во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19.

 

Професионален тим на лиценцирани доктори по ветеринарна медицина желни да се грижат за домашните миленици и домашните животни, достапни 24 часа секој ден, одговараат на прашања поврзани со здравјето, хигиената, исхраната, однесувањето и многу други прашања поврзани со здравјето и грижата за домашните животни и миленици, преку он-лајн текстуални пораки и видео комуникација.

 

Со Користењето на услугата ВЕТ ИНФО платформата за бесплатни консултации со доктор по ветеринарна медицина се намалува  ризикот од ширење на коронавирус, се намалува стресот кај вашето домашно милениче од посета на ветеринарна амбуланта, клиника или болница, се овозможува почеста комуникација со докторите по ветеринарна медицина – не само кога работите се движат во непосакувана насока, и се избегнуваат непотребни патувања до ветеринарна амбуланта, клиника или болница.

 

ВЕТ ИНФО како дигитализиран систем во областа на ветеринарното здравство им овозможува поддршка на граѓаните -сопственици, одгледувачи и згрижувачи на животни со поврзување со лиценцирани професионалци, со долгогодишно искуство и работа во различни области од ветеринарната медицина кои ќе го дадат вистинскиот совет во вистинско време.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи