Во последниве 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 во земјава, со што вкупниот број заболени досега достигна 1723 лица.
Согласно податоците од новозаболените 9 се од Скопје, 1-Куманово, 6-Прилеп, 5-Тетово, 2-Струга, 2-Велес, 2-Битола, 2-Охрид.
Истовремено, од болеста оздравеле шестмина пациенти, а вкупната бројката на оздравени пациенти е 1235.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393, а починати се 95 лица.
Денешната статистика е добиена по направени 349 тестови, а досега направени се вкупно 20088 тестирања на КОВИД-19.