Јованоски: Засилени градежните активности во населбата Бончејца

 

 

Во рамки на градежените активности за уредување на патната инфраструктура и јавните површини, кои Општина Прилеп ги спроведува со силно темпо и во секоја Урбана заедница од општината, граѓаните од населбата Бончејца добија уште една новоасфалтирана улица по сите современи стандарди.

 

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски денеска изврши увид на улицата „Андон Слабејко“, на која изминативе денови беше поставен нов слој на асфалт, во должина од околу 600 метри и површина од 3.000 м2.

 

„Денеска сме тука во Урбаната заедница Бончејца, на улицата “Андон Слабејко“, којашто во целост ја реконструиравме и рехабилитиравме. Притоа, беа нивелирани сите шахти и сливници, а улицата по целата нејзина должина беше обележана со сообраќајна сигнализација. Оваа улица не била реконструирана од самата нејзина изградба, пред 35 години. Реконструкцијата на оваа улица, ќе биде благодет за населбата Бончејца, затоа што оваа улица е артеријата на овој дел од градот и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни.

 

Да напоменам само дека почетокот на улицата „Андон Слабејко“ на спојката со „Димо Наредникот“, е пешачка зона од околу 60 до 70 метри која во моментот е тампонирана, а во наредните десетина дена тој потег ќе биде нареден со бехатон плочки за да може непречено да се движат граѓаните и моторните возила“, истака градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

 

Градоначалникот напомена дека на почетокот од наредната година, целосно ќе биде реконструиран и делот од улицата „Андон Слабејко“ покрај кејот на Градската река, а во оваа прилика се осврна и на останатите градежни активности кои деновиве се преземаат во населбата Бончејца.

 

„Не застануваме тука, продолжуваме со активности на улицата „Бидимаш“, каде се вршат градежни зафати на просторот меѓу зградите, односно се гради атмосферска канализација за собирање на отпадните води, затоа што при поројни дождови овој дел од населбата често пати е поплавен. Веднаш потоа, после 10-15 денови просторот меѓу зградите ќе биде уреден со бекатон плочки“, потенцираше Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи