ВИДЕО – Здравески : Јованоски ќе добие кривична пријава за незаштитување на државен имот и зошто Тошески молчи за уништеното возило на Центарот

 

На година и пол до завршувањето на мандатот на градоначалникот Илија Јованоски, целата јавност е сведок дека ова ќе биде само една политичка екскурзија на СДСМ во Прилеп, која за жал ќе не чини премногу. Освен Јованоски, во ист кош со него се голем дел од директорите и функционерите на СДСМ во државните институции, кои од институциите направија невиден срам и циркус. Истакна на денешната прес конференција советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Виктор Здравески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Денеска ќе се задржиме на две теми за кои граѓаните бараат одговори. 

 

Прво, пред неколку дена Јованоски соопшти дека во Сточен пазар немало потреба од училиште и дека имало доволен училишен простор во ООУ „Рампо Левката“. Граѓаните треба да знаат дека градоначалникот не планира да го реализира своето предизборно ветување за ново училиште во оваа населба и дека не му грижа што децата и понатаму сакојдневно ќе патуваат по неколку километри до училиштето.

 

Но Јованоски треба да знае дека за уништената и испокрадена училишна зграда во оваа населба ќе одговара за тоа, дека не заштитил овој општествен имот, односно за тоа ќе следува кривична пријава за негрижата да се заштити инвестиција вредна 10 милиони денари.

 

Второ, директорот на Центарот за социјална работа Прилеп, Дејан Тошески, и после 2 недели молчи за уништеното службено возило кое еден од неговите нововработени партиски кадри го управувал без возачка дозвола. Го повикуваме веднаш да излезе со одговор, а надлежните да ја утврдат одговорноста за Тошески. Ако толку му е важен возачот кој управувал без возачка дозвола, Тошески нека биде солидарен и нека набави ново возило од својот џеб.

 

Кон крајот на оваа прес конференција, неколку прашања до Јованоски и власта на СДСМ.

 

Дали е вистина дека службеното возило на Општина Прилеп го управува лице кое не е вработено во Општината?

 

Дали возилото се управува со истечена сообраќајна дозвола, како што кажуваат нашите информации?

 

Доколку е ова вистина, дали и градоначалникот ќе молчи како директорот на Социјално, кога не дај Боже би случила сообраќајна несреќа со фатални последици, а причината ќе биде тоа што со службените возила управува кој ќе стигне?

 

Почитувани, ова е само дел од пустошот кој зад себе го остава СДСМ во последните денови од нивното владеење. Во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да информира за сите незаконитости и сомнежи за сторен криминал на челниците на власта, а верувајте дека листата е долга.

 

Бидете сигурни, одговорност ќе има“, рече Здравески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи