ВМРО-ДПМНЕ : Згрозени сме од обидот на СДСМ и некои медиумски работници да спинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ шири дискриминација и етикетирање на Ромите

Згрозени сме од начинот на кој поединци од власта и некои медиумски работници се обидуваат да спинуваат дека ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ширело дискриминација и етикетирање на нашите сограѓани од ромската популација.  На вчерашната прес конференција на која упативме загриженост за состојбата со корона вирусот Ковид-19 во Прилеп, ниту имаше дискриминирање, ниту пак етикетирање и омаловажување на нашите сограѓани Роми. Се вели во писмената реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја проследуваме во целост.

 

„Ромите се интегрален дел од нашето општество, наши браќа, а Прилеп е средина каде со векови се негувал соживотот, разбирањето и толеранцијата. Така било, така и ќе остане во иднина!

 

Она што секојдневно го потенцираме од наша страна е негрижата на власта за здравјето и безбедноста на граѓаните.

 

Покриени под превезот на хуманоста, општина Прилеп со градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ со Миле Талески, свесно го загрозуваа здравјето на граѓаните во населбата Тризла, кога дозволија без следење на ниту една безбедносна и здравствена препорака да се делат пакети со продукти, а наоколу на мал простор да се собираат стотина луѓе.

 

Сакајќи предизборно да ја купат довербата на нашите сограѓани Роми, Јованоски и Талески ги изложија граѓаните на опасност, а целта на тоа е ништо друго, туку предизборно купување гласови и задржување на фотељите на нивните наредбодавачи на чело со Зоран Заев.

 

СДСМ и Јованоски се исплашени дека Ромите во Прилеп ги прочитаа нивните лаги и дека ќе ги казнат на изборите.

 

Нашите сограѓани Роми заслужуваат трајна поддршка, заслужуваат работни места, заслужуваат целосно обезбедување на инфраструктура. Токму тоа СДСМ им ветуваше, а не пакети со продукти кои ќе траат недеколку дена.

 

Ги повикуваме нашите сограѓани Роми да не потпаѓаат на ваквите лаги и манипулации, затоа што намерите на ВМРО-ДПМНЕ се насочени цврсто кон заштита на нивното здравје и во ниту еден момент да се врши етикетирање и нивно дискриминирање!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи