Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле 6 лица.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, од нив двајца се негативни на КОВИД-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати.
Вкупниот број на активни случаи изнесува 59, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување.
Во самоизолација се наоѓаат 158 лица.
Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.