ВИДЕО – Петкоски: Јованоски за зимско чистење на улиците склучил договор во 4 очи, без тендер, во висина од 7 милиони денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска продолжуваме со изнесување на сериозни индиции за сторен криминал од локалната власт на СДСМ, предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Сакаме да ја информираме јавноста дека за многу скоро време ќе следуваат и кривични пријави за првиот човек на општина Прилеп и сите инволвирани околу него. Денеска ќе ја информираме јавноста како се расфрлаат милионите на граѓаните и тоа без објавен тендер.

 

До минатата година општината објавуваше тендер за зимско одржување и чистење на улиците и патиштата, услуга која лани граѓаните ги чинела 4.694.630 денари. За оваа услуга минатата година Општина Прилеп склучила договор со фирма која легално на тендер ги добила парите за услуга.

 

Оваа година пак општина Прилеп, предводена од Илија Јованоски, за истата услуга, без објавен тендер за набавка и со истата компанија склучила договор преку постапка на непосредно договарање, или познато како договор во четири очи.

 

Значи повторувам, за истата услуга зимско одржување на улиците и патиштата, Јованоски потпишал договор со истата фирма, но во висина од 7.031.041 денар.

 

Како е можно истата услуга оваа година да чини околу 2,5 милиони денари повеќе? Зошто Јованоски се дрзнал да склучува милионски договор без тендер и на ваков начин да се расфрла со парите на граѓаните?

 

Дали конечно ќе реагира Основното јавно обвинителство и по допрен глас ќе го истражи овој случај?

 

До каде ќе оди ова лудило на власта и пустошење на буџетот на општина Прилеп?

 

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да го толерира молкот на Јованоски и СДСМ и во најскоро време ќе поднесеме кривична пријава против градоначалникот кој се обидува преку молчење да го прикрие целиот случај.

 

Ова е недозволиво и граѓаните мораат да знаат како власта на СДСМ менаџира со нивните пари! Бидејќи се наоѓаат во безизлезна ситуација и се фатени закопани до гуша во сомнежи за сторен криминал брзаат со одржување на изборите. СДСМ и Јованоски се надеваат дека колку побрзо се одржат изборите, толку помалку граѓаните ќе дознаат за нивните постапки, криминалии и дебели тендери.

 

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи со објавување на сите скандали поврзани со владеењето на оваа разуздана политичка гарнитура, а верувајте листата на тоа е долга!“, истакна Петкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи