На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од корона вирус почина 41 годишен пациент од Прилеп, кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Денеска од Ковид 19 починаа уште 3 други пациенти. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 7
– Куманово 1
– Тетово 3
– Велес 1
– Кочани 1
– Неготино 3