ВИДЕО – Талевски: Потребни се парламентарни избори во првиот можен рок, само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема услови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ситуацијата пред која сме исправени, од сите нас бара сериозност, одговорност и совесност. Секој од нас мора да продолжи со одговорно однесување, со цел заштита на своето здравје, здравјето на своите најблиски и на сите граѓани, истакна на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме. Да носиме заштитна опрема на лицето секогаш кога сме во затворен простор и секогаш кога сме на отворено, а кога не можеме да ја одржиме дистанцата. Редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете.

 

Како одговорна партија, нашите три клучни приоритети се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и обезбедување на функционални институции кои ќе им служат на граѓаните и ќе се подготват за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува наесен.

 

Затоа ни се потребни парламентарни избори, во првиот можен рок.

 

Ставот на Комисијата за заразни болести и другите надлежните институции, е јасен: создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

 

Позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во нашата држава, е уште една потврда дека се создадени услови.

 

Само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се’ уште остануваат заглавени во матрицата на унгарскиот бегалец Груевски, нема услови за избори.

 

Не смееме и нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што се свесни за изборниот пораз кој сигурно им следува.

 

СДСМ е одговорна и државотворна партија. Како и досега, даваме шанса на консензусот за важни прашања. Но, доколку нема договор и продолжи неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.

 

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради функционални институции со целосен легитимитет“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи