Оваа сабота започнува со работа градскиот пазар во Прилеп, при што работното време на пазарот во сабота ќе биде од 7 до 15 часот, со примена на протоколите за заштита од вирусот Ковид-19.
Воедно, после продолжениот празничен викенд, односно од вторник 26 мај, се воведува јавниот градски превоз, при што во функција ќе биде ставена вонредната неделна линија, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот.