ВИДЕО – Талевски: Инвестираме во здравствениот систем, кој ВМРО-ДПМНЕ 12 години го деградираше

 

Успешното справување со коронавирусот, што е резултат на вложувањата на Владата на СДСМ во здравствениот систем, во целост ги оправда нашите политики кон здравството, како еден од основните општествени столбови, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Го подобруваме јавното здравство, услугите за пациентите и работните услови за здравствените работници. Ги зајакнуваме професионалните капацитети на лекарите и медицинските сестри. На здравствените работници им овозможивме услови, својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

 

За својот несебичен и професионален ангажман, хероите од првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за 2 месеци. Наградени ќе бидат сите работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус:  докторите, медицинските сестри, болничарите, транспортерите, возачите во службата за итна медицинска помош, вработените во сите Јавно-здравствени институции, болниците, во институтите каде се правеа испитувањата. Никој нема да биде заборавен!

 

Владата на СДСМ инвестираше во човечкиот капитал во здравството: за период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи и повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

 

Од септември 2018 до февруари 2020 година, 4 пати е зголемена платата во здравството. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на останатите здравствени соработници за 15 отсто.

 

Исто така, за 15 отсто е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, а за првпат, Владата на СДСМ ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

 

Ги надминавме децениските проблеми со лековите и ги направивме достапни за сите граѓани, и во секое време. Укинати се квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата и денеска граѓаните повеќе не се грижат дека ќе останат без терапија.

 

Инвестиравме во реконструкција и обнова на одделенијата, амбулантите, операционите сали, во нова современа медицинска опрема и возила за здравствените установи.

 

 

Почитувани, власта на ВМРО-ДПМНЕ, цели 12 години го деградираше здравствениот систем и ги понижуваше здравствените работници. Криминалните политики на бегалецот Груевски, ги избркаа нашите доктори надвор од сопствената држава.

 

Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМЕ се продолжувачи на истите тие расипнички политики. Свесни за поразот, бегаат од изборите кои сами ги бараа, иако се исполнети условите за нивно одржување. Сакаат нови кризи и нефукционални институции.

 

Нема да им дозволиме. Избори ќе има, во првиот можен рок и според сите безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

 

Продолжуваме со изградбата на нова економија, подобар здравствен систем, зголеменa куповна моќ на граѓаните и институции кои ќе се справат со новиот есенски бран на коронавирусот“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи