Исплатата на мајските пензии започнува од утре

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Како што соопшти денеска Министерство за труд и социјална политика, над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Исплатата почнува утре, 27 мај и ќе биде етапна.

 

Во среда, на 27.05.2020 година ќе се врши исплата на пензии до 11.000 денари, во четврток, на 28.05.2020 на пензии од 11.001 до 14.000 денари, во петок, на 29.05.2020 на пензии од 14.001 до 18.000 денари, додека во понеделник, на 01.06.2020, ќе се реализира исплатата на пензии повисоки од 18.000 денари.

 

Се апелира и понатаму почитување на мерките за заштита од Ковид-19, но и придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи