ВИДЕО – Пазарот во Прилеп и Дневниот центар за лица со церебрална парализа произведуваат струја со фотоволтаични панели

Од пред извесен период на дел од тезгите во градскиот пазар во Прилеп се поставени фотоволтаични панели кои што произведуваат електрична енергија, која потоа ова јавно претпријатие ја користи за своите потреби.

 

 

Иста ваква мини фотоволтаична централа е поставена и на покривот од Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Но оваа централа поради корона кризата се уште не е ставена во функција, додека таа на градскиот пазар функционира засега одлично.

 

Од Општина Прилеп велат дека во план било поставување на вакви фотоволтаици и на други јавни објекти, а додека од Министерството за локална самоуправа се надеваат дека ќе се најде во иднина и брзо законско решение за да се продава на пазарот вишокот на произведена електрична енергија, нешто што засега законски не е регулирано.

 

Јачината е 16 киловати која што ги задоволува потребите на Градскиот пазар и на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Со тоа како општина покажавме дека продолжуваме со мерките за подобрување на условите и подобрување на животната средина во нашиот град. Со поставувањето на фотоволтаичните системи на овие 2 објекти покажавме дека имаме дупли бенефит, прво се намалуваат средствата за електрична енергија, а како второ заштита на животната средина во нашиот град“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

„И понатаму ќе поддржуваме вакви проекти за заштита на животната средина бидејќи со овој проект во Прилеп минимум 56.000 килограми CO2 ќе има помалку. И исто така градскиот пазар во Прилеп и Дневниот центар за церебрална парализа ќе направат заштеда во трошокот со електрична енергија. Се уште има нејасностии околу продажбата на електрична енергија бидејќи треба да се најди некој да ја купи. Тоа е едно поле кое во иднина кое треба во детали да се разработи. Сега е дозволено само за производство и за сопствено користење. Треба да се регулира исплатата на вишокот“, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

 

Кога станува збор еко проектите ова е трет еко проект кој го реализира Општина Прилеп. Минатата недела беа исплатени субвенцииите на над 600 семејства коии купија нови ввелосипедии ии набавија, новии кклима инвертори. Максималната сума на субвенцијата за велосипед беше до 5.000 денари, а максималната сума за клима инвертор до 10.000 денари. Односно до 50% од потрошената сума.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи