Што направи СДСМ во изминатите три години на власт? Одговорот е буквално ништо! Од нивните ветувања за нови инвестиции во индустриската зона ТИРЗ Прилеп има само една голема нула! Истакна на денешната прес конфереција Игор Соколоски, член на Комисијата за економија при ОК.
„Наместо да работат на доведување на нови инвеститори, СДСМ го врати Прилеп 15-20 години наназад. Младите се без перспектива и својата иднина ја гледаат исклучиво во странство. Владеењето на СДСМ во Прилеп ќе биде запомнето само по партиските вработувања на роднини и партиски послушници во државните институции и ништо повеќе од тоа. Инвестициите и новите работни места се мисловна именка за Талески, Јованоски и нивниот наредбодавач Зоран Заев. Затоа сега во безислезна ситуација пред избори, СДСМ врши масовен поткуп на граѓаните и дели пакети со продукти за кои никако да покаже потекло“, истакна Соколоски.