ВИДЕО – Започна скринингот за 230 вработени во градинките во Прилеп, Крушево, М. Брод и Кривогаштани

Денеска и утре ќе се изврши скриниг на 230 вработени во градинките во Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите се организира по теренски принцип, односно во објектите на самите градинки. Тестирањето ќе трае два дена, денеска и утре. Денеска се тестираат вработените во 2 градинки во Прилеп, Крушево и Кривогаштани. А утре ќе се тестираат вработените во преостанатиот дел од градинките во Прилеп и Македонски Брод.

 

 

„После завршувањето на тестирањето сите брисеви се носат во Институтотт за јавно здравје во Скопје во во вирусолошката лабораторија и некаде од 24 до 48 часа очекуваме дека ќе бидат готови резултатите од направените тестирања. Инаку го користиме протоколот за земање на материјалите и за личната заштиитна опрема истиот кој го користевме кога тестиравме сомнителни на Ковид во пунктовите ккои што работат во рамките на Центарот за јавно здравје од Прилеп“, истакна Драгица Николоска, директорка на Центар за јавно здравје од Прилеп.

 

Од градинките „Наша Идинина“ во Прилеп истакнаа дека протоколот како ќе работат градинките требало да го изготви Министертсвото за труд и социјална политика и тој протоколл требало да им биде доставен деновиве. Се очекувало да започнат со работа на 15 јуни и поголемиот дел од времето децата да го поминуваат на отворено.

 

„Гледајќи ги соседните земји какви протоколи имаат во детските градинки можеме да ве информираме дека децата ќе бидат 90% од времето надвор. Затоа ги подготвуваме и тревните површини и дворовите. И само 10% од времето ќе бидат на затворено во установата, односно само за спиење, доручек и ручек. Ќе се обезбедат термометри на далечинско мерење на температура. Нема повеќе родиителите да влегуваат внатре во градинките, туку надвор наш персонал ќе ја мери температурата, доколку таа е во ред и со тестирање на вработените да имаме целосна контрола и хигиена. Извршена е целосно дезинфициирање на играчките и на дидактичката опрема“, рече Орце Тодороски, директор на градинките „Наша Иднина“ – Прилеп.

 

Инаку досега во Прилеп се регистрирани 211 позитивни на Ковид 19, денеска нема новозаболени, тројца се оздравени, има 44 активни случаи, од кои 27 на домашно лекување, а 17 на болничко. Досега во Прилеп се направени околу 1.000 тестови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи