Во Прилеп денеска нема новозаболени од Ковид 19, 4-ица оздравеле, активни се 44 случаи

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест.

 

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 211 лица позитивни на КОВИД-19.

 

Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.

 

Од почетокот на пандемијата до денес, според Центарот за јавно здравје  во Прилеп биле направени околу 1.000 тестови.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи