Во општина Прилеп денеска има еден новозаболен од коронавирус, а 12 пациенти оздравеле од заразната болест.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 6 лица позитивни на коронавирус.
Досега вкупно се регистрирани 212 лица заразени со КОВИД-19. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 30, од кои 12 се наоѓаат на болничко, а 18 лица на домашно лекување.