Во општина Прилеп денеска нема ниту новозаболени, ниту оздравени од коронавирус, додека бројот на активни случаи изнесува 30.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 5 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 14 граѓани им се изречени прекршочни казни.