Донацијата од 20 респиратори од Кралството Норвешка пристигна во државава – и Прилеп ќе добие еден

 

Донацијата од 20 респиратори од Кралството Норвешка, реализирана преку преку Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги – УНОПС како поддршка на Македонија за справување со корона пандемијата пристигна во земјава.

 

Десет од респираторите ќе бидат наменети за потребите на болницата „8 септември“, додека останатите 10 апарати ќе бидат распределени во останатите болници низ земјава, со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем.

 

По две респираторни машини ќе бидат испратени во болниците во Тетово, Битола и во Штип, додека по еден апарат во општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и во Струмица.

 

Овие респиратори со високи перформанси може да обезбедат неинвазивна вентилирачка терапија и во ситуации на транспорт за сите возрасни групи на пациенти, од возрасни до педијатриски, и се одобрени за респираторна терапија во болници, амбуланти, единици на интензивна нега и транспортни единици.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи