Мицкоски: Избори кога ќе бидеме како Словенија, кога бројот на заболени ќе се движи кон нула

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција изјави дека за избори треба да се размислува кога бројот на заболени ќе се движи кон нула, а бројот на починати ќе биде нула.

 

„Ние имаме поголем број на заболени од Ковид-19 од сите земји заедно во регионот. Погледнете ги Словенија и Хрватска, тука е Црна Гора, па и Бугарија и Грција. Безкрупулозно е да се прифати сега да има избори кога секојдневно има десетици новозаболени и по неколкумина починати, рече Мицкоски.

 

Мицкоски додаде дека не се плаши од излегување на избори, туку единствено од што се стравува е да не се загуби ниту еден човечки живот.

 

„Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, откако ќе ја поразиме оваа пандемија предизвикана од вирусот Ковид 19, тој (Заев) е готов и ќе доживее изборен дебакл“, рече Мицкоски.

 

Мицкоски го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека намесо власта да предложи протоколи и нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, тој само зборува за избори. Додаде дека до неодамна имало канал за комуникација со СДСМ, околу изнаоѓање заеднички прифатлив датум за изборите, но од појавата на новиот пик заболени и починати, во партијата не се разговара за датумот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи