Нормализиран е железничкиот патнички сообраќај низ земјата и се одвива по регуларниот возен ред, кој важи од 15 декември 2019, кој поради пандемијата со Ковид-19 од 8 април беше редуциран.
Покрај враќањето на нормалниот возен ред на патничките возови, во нормала полека почна да се враќа и меѓуградскиот автобуски превоз.
Редукцијата на меѓуградскиот превоз во нашата земја е резултат на појавата на корона вирусот и заштитните мерки што ги донесе владата за да се спречи неговото ширење. Со цел да функционира, бројот на патници е ограничен на максимум 50 отсто од вкупниот капацитет на возилата.