Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека од 868 направени тестирања има 67 позитивни пациенти на Ковид 19. Исто така додаде дека во последните 24 часа има 25 оздравени пациенти, како и еден починат.
Се уште не се излезени официјалните бројки по општини и градови, затоа што како што објасни Филипче се чекале резултати од една приватна болница.