ВИДЕО – Комплетно се реконструира патот Кадино Село – Галичани

Општина Прилеп продолжува со градежната офанзива, особено во патната инфраструктура, не само во градот туку и во населените места. Ова денеска го истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на започнувањето на асфалтирањето на патот Кадино Село-Галичани со должина од околу 3,5 км.

 

 

„Претходно во овие 2 села, Кадино Село и Галичани, изградивме патна инфраструктура во должина од околу 900 метри во двете села, тоа го направи Општина Прилеп. Сега се рехабилитира и реконструира регионалнииот патен правец помеѓу овие 2 села, во должина од околу 3,5 км. И сакам да упатам благодарност до ЈП „Македонија пат“ што ни излезе во пресрет и ја продолжи нашата успешна соработка“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Од ЈП „Македонија пат“ рекоа дека ја продолжуваат успешната соработка со локалната самоуправа на Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, а сето тоа во соработка и поддршка на Министертсвото за транспорт и врски.

 

„Денеска се асфалтира патниот правец Кадино Село-Галичании во должина од 3,5 км., ширината на патот е 3,3 метри, а инвестицијата чини 10 милиони денари.  ЈП „Македонија пат“ како и досега ја продолжува соработката со Општина Прилеп. Ние истовремено работиме и на патот Витолиште-Штавица во Мариово, така што наредна недела очекувам да се префрлиме таму, да го започнеме тој голем проект, асфалтирањето на патот кон Витолиште, што е од особено значење за жителите на овој регион“, рече Бедим Мемеди, дииректор на ЈП „Македонија пат“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи