На територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје од Прилеп денеска се регистрирании 4 случаи на новозаболени од Ковид 19 и тоа еден случај во Прилеп и 3 во населеното место Десово во Општина Долнени. Во Општина Прилеп денеска нема оздравени од оваа заразна болест.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во Прилеп е 217, а бројот на активни случаи е 32, од кои 20 се на домашно, а 12 на болниичко лекување.
На Инфектиивното одделение во прилепската болница има 4 лица.
Досега 170 лица оздравеле, а бројот на починати во Прилеп е 15.
Од извршениот скрининг во детските градинки сите 192 вработени се негативни.
Во Центарот за јавно здравје Прилеп досега се земени 1.322 брисеви и дополнители 144 во инфективното оддление во болницата.
Во самоизолација се 42 лица, а вчера заради неносење на заштитни маски биле изречени 3 прекршочни пријави.