ВИДЕО – Попоски: Граѓаните да не го следат лошиот пример на Мицкоски, да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

 

Христијан Мицкоски, нема ниту жал, ниту грижа за заразените од коронавирусот и секојдневните натчовечки напори на здравствените работници да ја одржат пандемијата под контрола, изјави на денешната прес конференција Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Уште еден во низата докази кои го потврдуваат неговото незрело и неодговорно однесување, е вчерашниот инцидент за кој слушна целата јавност, а во кој лично Мицкоски ги прекршил мерките за спречување на заразата, седел во затворен дел во кафеана иако тоа е најстрого забрането според мерките за заштита од Ковид-19.

 

Згора на се’ Мицкоски преку Наќе Чулев и неговите структури во МВР, правел се’ за да се сокрие и да не биде забележан од инспекциските служби, кои дошле во кафеаната.

 

Вчерашно однесување на Мицкоски, е директен доказ дека овој незрел политичар, поттикнува непочитување на мерките за заштита од вирусот, како и неказнување на сите оние кои ги прекршуваат рестриктивните мерки.

 

На ваквото неодговорно однесување на Мицкоски и Чулев, се надоврзуваат и нивните локални послушници, прилепските кандидати за пратеници, Петар Ристески и Ане Лашкоска кои, неодамна присуствуваа на масовни собири, ги прекршија законските уредби за заштита од коронавирусот и од тоа самите објавија слики.

 

Мицкоски, Чулев и нивните послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботираат борбата со коронавирусот, со што директно го загрозуваат здравјето на граѓаните.

 

Ова е класично режимско однесување на Мицкоски, кое во ништо не се разликува од времето на МВРО-ВМРО, кога институциите беа во служба само на неговата партија.

 

Нема ништо човечко во однесувањето на Мицкоски, затоа што теретаната и кафеаните му се поважни од здравјето на граѓаните.

 

Срамот од незрелото и лицемерно однесување на Мицкоски, е голем. Но, одговорноста е уште поголема. Во ваква ситуација, политичарите мораат да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови од коронавирусот.

 

Ги повикуваме граѓаните, да не го следат неодговорниот пример на Мицкоски. За разлика од него, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, со што ќе го заштитат своето здравје, здравјето на своите најблиски и јавното здравје“, истакна Попоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи