ВИДЕО – Јованоски: Во Десово има 7 заболени од Ковид 19, сите од една фамилија, тие се под полициска контрола и не излегуваат од дома

Во селото Десово, Општина Долнени, има 7 заболени од Ковид 19, сите од еден кластер, тие се иста фамилија и тие се под контрола и не излегуваат од дома, истакна Илија Јованоски, градоначалник од Прилеп.

 

 

„Тие се изолирани, од едно семејство се, во комуникација беа и со ОВР Прилеп и со епидемиолошката служба од нашиот град. Инаку морам да кажам дека контролата на полицијата не е заостаната и продолжува и понатаму. Така што контролата на сите тие изолирани случаи од село Десово е под контрола и ги знаеме сите заболени дека не се движат никаде, откако се воспостави дека се позитивни, за претходно никој неможе да ви каже.

 

И добро е што тие се од еден кластер, 7 заразени има, иста фамилија се. И тоа прва заболе најстарата жена во фамилијата, најстарииот член, која постојано седела дома. Така што ова е само уште еден доказ дека со овој вирус не сме начисто кога и од каде може да дојде“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи