127 нови случаи на ковид-19, половина од нив во Скопје

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

 

– Скопје 67
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 33
– Тетово 10
– Струга 5
– Охрид 6
– Кочани 2
– Пробиштип 2

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

 

– Скопје 4
– Тетово 2
– Гостивар 1

 

Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи