Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска `
Бројот на активни случаи изнесува 26, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 6 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 20 граѓани им биле изречени прекршочни казни.