И понатаму не се почитува мерката за носење на лична заштитна маска, поради што во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Исто така, се зголемува и бројот на оние кои одат во изолација или самоизолација. Во изминатото деноноќие 905 лица добиле решенија за изолација, а 120 лица пак потпишале изјави за самоизолација.
При контрола на лица во изолација и самоизолација полицијата не евидентирала лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во моментов во државата има 3.239 заразени со ковид-19, а како активни се водат 1.424 лица. Од вирусот починаа 157 граѓани, а 1.658 закрепнаа.