Могилата оставена самa на себе, без никакви новини и инвестиции – Прилеп заслужува многу поубав парк

Уништено осветлување, искршени корпи за отпадоци, 3 до 4 различни видови на клупи за седење ( читај се ставило што се нашло, црвени, зелени, кафеави… ). Калдрма стара со децении по која на одредени места вооопшто не можеш ниту да се движиш, ќе искршиш нозе, а за мајки со колички и деца да не правиме муабет.

 

Езерцата се полни со ѓубре наместо со вода. Во лоша состојба, со искршени делови и огради, оставени сами на себе, се наоѓаат и спортските терени околу паркот.

 

Веќе започнала да пука и самата крипта каде почиваат останките на околу 500 партизани кои го дале животот во НОВ за оваа наша денешна слобода. Споменичниот комлекс воопшто не е ниту осветлен ноќе.

 

Ваква е моменталната слика на Паркот на револуцијата во Прилеп, најголемата парковска површина во нашиот град.

 

Во ништо подобра стуација не се ниту живеалиштата на неколкуте пони коњи и птици. Условите за живот на животните претходно со години беа критикувани, сега наместо да се подобрат, тие останаа исти, а бројот на видови на животни дури и се намали, наместо да се зголеми.

 

 

Да не беше Пакомак со својата донација немаше ниту да се постават 2-3 нишалки за деца и една лизгалица.

 

Единствено во добра кондиција хортикултурно се одржува само делот околу спомениците.

 

Со еден збор Прилеп и прилепчани заслужуваат многу помодерен и вистински урбан парк, со унифицирана урбана опрема, поставување на детски игралишта и реквизити, реновирани спортски терени, реконструкција на патеката за трчање, воведување на нови содржини, реконструкција на амфитеатарот и негово заживување, езерца и фонтани полни со вода, изградба на нови живеалишта за животните, нешто како мини ЗОО. Итна реконструкција на Споменичниот комплекс.

 

Па дури и ако е можно проширување на самиот парк и негово зголемување по обем. Ако можат приватните компании да ги купуваат околните ниви тоа сигурно го може и Општината.

 

Без никакви инвестиции сега Могилата е  далеку од тоа што треба да биде – вистински репрезент и гордост на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи