ВИДЕО – Годинава помалку договори за тутун, откупувачите бараат речиси 4.000 тони помалку тутун за разлика од лани

10-те тутунски откупни компании во Македонија годинава склучиле 2.796 договори помалку од лани или во килограми ако лани откупиле 26.730 тони, годинава побаруваат само 22.959 тони на тутун, односно околу 3.770 тони помалку. Од Сојузот на тутунарски здруженија вепат дека не знаат на што се должи ова намалување бидејќи поради корона кризата немале средби со откупувачите. Остануваат на ставот годинава тутунот да се цени само во 3 класи и да има покачување на цените, односно прва класа да биде 280 денари, втора 220 и трета 170 денари.

 

 

„Некои компании веќче со самото склучување на договорите оваа пролет ги покачија цените, но ние ние ќе настојуваме да се достигне нашата цена и сите фирми со анкес да се изедначат, за да имаат иста цена оваа година“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

 

Тутунарите пак велат дека договорите се намалуваат дел поради откупните фирми што ја намалиле побарувачката, но исто така се намалувала и заинтересираноста кај младите за оваа култура.

 

„Мене лично ми намалија, имав два договори, на еднииот имав 6 декари, ми намалија на 4 декари“, рече Eлизабета Костадиноска, тутунопроизводител.

 

„Ни кажаа дека многу потешко ќе биде оваа година, со плаќањето, со барањето на тутунот, вака ни кажаа ценачите коии шетаат тука реонски“, кажа Влатко Димоски, тутунопроизводител.

 

„Дали се должи ова на немање доволно луѓе, не останаа во Македонија доволно млад народ за да сади тутун или нешто е друго, важно има намалување“, кажа Ружица Јанческа, тутунопроизводител.

 

„Производителите стари изумираат, не може да одат на нива, а младите кој е вработен, кој пак заминал во странство“, истакна Гоце Костадиноски, тутунопроизводител.

 

Спротивно на овие тврдења од подрачното министерство за земјоделство пак велат интересот за тутунот бил зголемен во прилепско.

 

„Имаме 1.000 договори повеќе, од кои повеќето од половина се на млади лица кои прв пат отвораат стопанство во подрачното министерство за земјоделство“, изјави Зоран Пачешкоски, раководител на подрачна канцеларија на Министерство за земјоделство – Прилеп.

 

Од Сојузот на тутунари наскоро очекуваат средба со откупувачите и Министерството за земјоделство.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи