Прилепчанец се здобил со тешки изгореници – неговото тело во пламен било забележано во нива

 

Вчера во 23 часот, 54-годишниот Ѕ.Н. од Прилеп пријавил во полиција дека забележал лице кое било во пламен, наведено е во полицискиот билтен.

„Вчера во 23.06 часот, Ѕ.Н. пријавил дека движејќи се по улицата Димче Антулески, во обработлива нива на место викано Козле, забележал лице кое било во пламен. Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската болница во Прилеп за укажување лекарска помош. Полицијата излезе на местото на настанот и констатирала дека станува збор за 39-годишниот Р.А. од Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од ПС Прилеп“, се вели во билтенот на МВР.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи